Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Поздрав и од ЕХФ: Пируетата на Дибиров го одбележа последното коло во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Вардар во завршницата го скрши отпорот на Елверум и на крајот оствари убедлива победа од 39:30, триумф со кој на најдобар можен начин се затвори првиот круг во Лигата на шампионите.

Македонскиот тим ја заокружи групната фаза со победа и се подготви за она што следи, односно осминафиналнат пресметка со Веспрем која ќе биде нависитна возбудлива.

Вардар игра значително подобро во последно време под водство на тренерот Дејвис, но и натаму еден од лидерите на тимот останува фантастичниот Тимур Дибиров.

Русинот беше најдобар поединец на паркетот против Елверум, а сега доби и двојна награда од страна на одговорните луѓе во Лигата на шампионите.

ЕХФ го смести Тимур во идеалниот тим на колото, а еден од неговите голови е избран за втор најдобар во последната рунда од групната фаза.

Покрај Дибиров, во идеалната седморка се најдоа Андреас Волф, Никола Карабатиќ, Расмус Лауге, Лукас Сандел, Алеиш Гомез и Андреас Нилсон.

Петте најубави гола видете ги на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни