Поврзете се со нас

Шпанија

Повторно промени во Леванте: Барди ќе добие нов тренер

Објавено

на

Екипата на Леванте игра многу лошо во оваа сезона и по 15. одиграни кола е на последното место во шпанската Примера. Овие резултати го натераа раководството да прави промени, па така прво беше отпуштен Пако Лопез за да сега отказ добие неговиот наследник Хави Переира.

Переира пред месец ипол седна на клупата на клубот од Валенсија, но на седумте мечеви на кои го водеше тимот не забележа ниту еден триумф што резултатираше тој да си замине од прволигашот.

За нов привремен тренер е именуван Алесио Лиши кој досега го предводеше вториот тим на Леванте.

Кога е во прашање клубот за кој настапува нашиот Енис Барди вреди да се напомене дека раководсвото воедно ги отпушти уште Маноло Салвадор, Давид Наваро и Ману Фахардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни