Поврзете се со нас

Македонија

Повторно проблеми во редовите на најтрофејниот клуб: Играчите и тренерите на Работнички стапија во штрајк

Објавено

на

Работнички на импресивен начин го зварши првиот дел од сезоната и идентично добро го почна и вториот, но серијата од шест победи во низа за жал не искоренуваат некои проблеми кои се провлекуваат со клубот веќе со години.

Стручниот штаб на Работнички и играчите на првиот тим денеска се пожалија дека веќе два месеци не добиле плати и започнаа штрајк, а преку соопштението се заканија дека нема да се вратат на теренот додека не им се исплатат ветените пари од раководството.

– Во штрајкот се вклучени играчите, тренерите и сите вработени во Работнички кои предолго чекаа на своите пари. Екипата нема да биде во тренажен процес, а на играчите им се должат по 2-3 плати (во зависност од тоа кој кога дојде во клубот) од тековната сезона.

– Револтирани сме и од негрижата за тимот бидејќи исто така поради неисплатени плати, во главниот дел од сезоната останавме без кондициски тренер откако си замина Кристијан Кајчевски. Сметаме дека заслуживме подобар однос со досегашните резултати затоа што екипата се наоѓа во серија од шест победи, остваривме триумфи против некои од најголемите ривали за титулата, го победивме МЗТ Скопје првпат по три години и се доближивме дури и до првото место на табелата. Освен тоа, направивме хемија во тимот, гинеме сите за еден и тоа се чувствува во секој сегмент од нашето функционирање.

– Ако не бидеме исплатени, екипата нема да отпатува на претстојниот натпревар против Еуро Никел, во следното коло од домашното првенство, без оглед на сите консеквенци со кои би се соочиле како клуб, – се вели во соопштението од кошаркарите и тренерите на Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни