Поврзете се со нас

Одбојка

Повторно останавме без злато, Македонија загуби од Данска во финалето на Европската Сребрена лига

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија за жал повторно не успеа да се искачи на тронот на Европската Сребрена лига откако во финалниот натпревар одигран во Струмица загуби од Данска со 3:1 по сетови.

Нашите репрезентативци одлично го отворија натпреварот и го добија првиот сет со 25:23, а потоа имаа одличен старт и на вториот сет во кој имаа 8:5, но потоа Данска ја презеде работата во свои раце и истиот го доби со 25:19. И во следните два сета Данска беше надмоќна и ги доби со 27:25 и 25:19 со што стигна до златото во Европската Сребрена лига.

Инаку ова за Македонија е петти медал од Сребрената лига, четврти сребрен и еден бронзен, а боли тоа што колекцијата не ја зголемивме со златен медал и директен пласман во Златната лига следната сезона.

Следен голем предизвик за одбојкарската репрезентација на Македонија е Европското првенство кое ќе се игра во септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни