Повторно беше најдобар на теренот: Ѓоргиев го растури Гизен!

niko-kolegi

Македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев блесна уште еднаш во дресот на Фридрихсхафен во првата лига на Германија.

Капитенот на нашиот националец тим овојпат одигра фантастично во битката со Гизен на која прокнижи 22 поени во победата од 3-0 во сетови (25-21, 25-16, 25-19). Ѓоргиев сосема заслужено за оваа партија го понесе признанието МВП што сигурно ќе му даде дополнителна самодоверба пред следните предивици со Фридрихсхафен.

Нико и компанија по шест кола имаат перфектен учинок и 18 бода што во моментов е доволно за второто место на табелата.

Facebook Коментари