Поврзете се со нас

Италија

Повремен италијански репрезентативец го засили новиот прволигаш Комо

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Como_1907

Амбициозниот Комо почна да го засилува тимот во пресрет на идната сезона во Серија А, а од денеска нов член на оваа екипа е Андреа Белоти.

Повремениот италијански репрезентативец ја заврши својата неубедлива етапа во редовите на Рома и за сума од 4 милиони евра ќе се пресели во екипата чиј тренер е Сеск Фабрегас.

Белоти последните шест месеци ги мина на заем во Фиорентина, но и тоа не му помогна да го подигне нивото на формата, а матичниот клуб Рома сега прифати да заработи одредена сума за негов целосен трансфер во Комо.

Белоти забележа 68 настапи и постигна 10 гола од 2022 година, кога пристигна од Торино во Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни