Поврзете се со нас

Свет

Повредениот Меси сигурно ќе го „скокне“ мечот со Перу

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Аргентина со две победи веќе обезбеди место во нокаут фазата на Копа Америка, па третиот меч во групата против Перу ќе биде чиста формалност за нив или поточно селекторот Лионел Скалони може да им даде шанса на играчите кои не беа во прв план досега на турнирот.

Една работа е сигурна, капитенот Лионел Меси сигурно нема да биде во комбинација за било каков настап со оглед на повредата на мускулот во дуелот со Чиле.

Меси го одигра целиот меч, но по истиот призна дека има проблем и токму поради тоа ќе биде одморен од Скалони. Меѓутоа остануваат да се напрат и дополнителни тестови за да степенот на повредата, па ако е нешто посериозно и ако е потребно повеќе време за закрепнување тоа дефинитивно би бил удар за „гаучосите“ кои имаат највисока цел на турнирот, да ја одбранат титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни