Поврзете се со нас

Италија

Повредениот Лукман му одговори на Гасперини: Ова е непочитување…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Alookman_

Аталанта не ја оправда улогата на фаворит и со нов пораз во дуелите со Клуб Бриж го заврши настапот во Лигата на шампионите.

Италијанскиот претставник загуби со 3-1 во Бергамо и со вкупни 5-2 се збогуваше од елитното натпреварување каде сезонава имаше навистина добри изданија, резултати против навистина топ екипи во Европа.

Меѓутоа секој меч е свој предизвик и калчолигашот не одговор како што посакуваше, па се појави одредена нервоза во Аталанта на теренот за време на пресметката и по истата. Исклучен поради голема глупост беше капитенот Рафаел Толои, а потоа тренерот Џан Пјеро Гасперини јавно го прозва офанзивецот Адемола Лукман за промашениот пенал во второто полувреме.

Капитенот на Аталанта се „исклучи“, па тргна по секоја цена да се пресмета со противникот (ВИДЕО)

Гасперини „удри“ по ѕвездата на Аталанта: Тој е еден од најлошите пеналџии, не требаше…(ВИДЕО)

Гасперини посочи дека Нигериецот е катастрофален пеналџија и не му е јасно зошто тој ја земал топката да шутира, зборови кои дефинитивно допреа до африканецот кој му одговори на социјалните мрежи.

-Ме растажува што на ваков ден морам да ја напишам оваа изјава-најмногу поради она што го постигнавме заедно како тим и како град. Тоа што сум издвоен на начинот на кој бев, не само што боли, туку чувствувам длабоко непочитување, не само поради огромната напорна работа и посветеност што секој ден сум ја вложувал за да помогнам да му се донесе успех на овој клуб и на неверојатните навивачи на Бергамо.

-За волја на вистината, се соочив со многу тешки моменти за време на моето време овде – за повеќето никогаш не сум зборувал затоа што според мене тимот секогаш мора да биде заштитен и мора да биде на прво место. Ова го прави она што се случи синоќа уште поболно.

-Заедно со нашите неверојатни навивачи, и ние како тим сме погодени со синоќешниот резултат. За време на натпреварот одредениот изведувач на пенали ме наложи да го изведам пеналот и да го поддржам тимот, ја презедов одговорноста во моментот тоа да го направам. Животот е за предизвици и претворање на болката во моќ, што ќе продолжам да го правам, -порача Лукман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни