Поврзете се со нас

Шпанија

Повредениот Гави е првиот играч кој испрати порака по најавеното заминување на Чави (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес оваа вечер ја изненади комплетната шпанска јавност и самостојно соопшти дека ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната, сето тоа како последица на огромниот притисок и нарушеното ментално здравје кое влијае и врз потесниот круг во неговото семејство.

Тренерот на Барселона нагласи дека почувствувал олеснување откако одлуката прво му ја соопштил на претседателот Жоан Лапорта, по што даде објаснување и за шпанските новинари кои не очекуваа ваков рапслет и покрај болниот пораз од Вилјареал.

Чави нагласи дека нема да ја менува својата одлука дури и во ситуација Барса да ја освои Лигата на шампионите, а емотивното обраќање кое го имаше на пресот почна да носи и многу реакции на социјалните мрежи.

Првиот играч на Барса кој се јави за најавеното заминување на Чави е тешко повредениот Гави, фудбалер за кој тренерот на каталонците во неколку наврати посочи дека е „срцето на тимот“.

– Секогаш со тебе, до смрт со тебе тренеру, – порача Гави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни