Поврзете се со нас

НБА

Повредениот Дончиќ „испорача“ трипл-дабл, Бостон го одбрани „Ти-Ди Гарден“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAspain

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја добија и втората пресметка со Далас Маверикс во големото финале во НБА лигата.

За разлика од првото соочување Далас беше далеку подобар, поконкурентен ривал, ама за нешто повеќе Дончиќ ќе мора да добие поголема поддршка, а во исто време одбраната да биде на далеку повисоко ниво против тимот кој имаше најдобар учинок во регуларниот дел во сезоната.

„Келтите“ шутираа многу лошо за три поени во прво полувреме, но и покрај тоа заминаа на пауза со плус три (54:51). Домаќините ја зголемија предноста во третиот период, отидоа на плус 9 по што избраниците на Кид не се вратија и покрај обидите нешто повеќе да се направи во „Ти-Ди Гарден“.

Пет играчи кај Бостон беа двоцифрени, ама лидер овојпат беше Холидеј со 26 поени, 11 скокови, 3 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.

Кај поразените повредениот Дончиќ кој до самиот почеток беше неизвесен за настап испорача трипл-дабл од 32 поени, 11 скокови и и 11 асистенции, украде 4, ама и загуби 8 топки што дефинитивно е последица на тоа што не е максимално фит, но и исцрпеноста која е присутна.

Ирвинг одново потфрли со 16 поени што е премалку за супер ѕвезда и тим кој се обидува да го сруши Бостон.

Наредните два натпревари се играат во Далас во „Американ Ерлајнс Центарот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни