Поврзете се со нас

Репрезентација

Повредениот Ашковски ќе ги пропушти средбите во Анталија

Објавено

на

Фудбалерот на Алашкерт, Стефан Ашковски нема да може да и помогне на македонската репрезентација на престојните мечеви против Молдавија и Црна Гора кои ќе ги одиграме во Анталија.

Ашковски веќе некое време се мачи со левиот скочен зглоб, но и покрај тоа тој беше повикан од селекторот Благоја Милевски за предизвиците на 22 и 25 март. Во изминативе денови во Анталија беше на физикална терапија, ама тоа не е доволно за да закрепне и Стефан официјално отпадна за соочувањата со Црногорците и Молдавците.

Процесот на закрепнување ќе го продолжи во неговиот клуб Алашкерт кој е на петтото место во Ерменија.

Инаку претходно од првичниот список отпадна и напаѓачот Ердон Даци.

Даци отпадна од комбинација за дуелите со Молдавија и Црна Гора

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни