Поврзете се со нас

Англија

Повредата на Милнер ги зголеми проблемите на Клоп и Ливерпул

Објавено

на

Списокот повредени фудбалери во редовите на Ливерпул е надополнет со Џејмс Милнер, кој денеска заработи повреда на дуелот против Брајтон.

Не само што англискиот првак загуби два бода во судиското продолжение, туку сега нема да смета на Милнер кој оди на принудна пауза.

Повредата на Милнер беше и најголема провокација за менаџерот Јирген Клоп да влезе во отворена конфронтација со новинарот на „Би-Ти Спорт“, обвинувајќи ја телевизијата за густиот распоред во Премиер лигата.

Милнер беше стартер на трет натпревар последните шест денови и очигледно не можеше да го издржи товарот, па сега им се приклучи на останатите повредени играчи.

Ливерпул во моментов не може да смета и на Ван Дајк, Гомез, Тиаго, Окслејд-Чембрлен, Александер-Арнолд, Шаќири и Кеита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни