Поврзете се со нас

Англија

Повредата на Кејн ги исплаши англиските фанови

Објавено

на

Хари Кејн постигна два гола во ремито на Тотенхем против Евертон, но заработи и повреда со која ги исплаши англиските фанови.

Најдобриот англиски напаѓач се пожали на повреда во судиското надополнување, а првите информации се дека се работи за повреда на зглобот која не е наивна.

Кејн очигледно имал незгоден доскок при една дефанзивна реакција по изведен корнер на Евертон, па беше заменет од Мурињо во 93. минута

Повредата доаѓа на само девет денови пред финалето на Лига купот и на помалку од два месеца до почетокот на Европското првенство, на кое Англичаните имаат големи амбиции. Ако до ЕП има повеќе простор за рехабилитација, Лига купот е најважниот натпревар за Тотенхем сезонава.

Тотенхем преку Кејн прв поведе на „Гудисон Парк“, а истиот фудбалер спасуваше бод за гостите кои во меѓувреме дозволија пресврт на Евертон, но на крајот освоија само бод (2:2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни