Поврзете се со нас

Англија

Повредата на Јоро е посериозна, Манчестер Јунајтед потврди операција на Французинот

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Повредата на засилувањето на Манчестер Јунајтед, Лени Јоро, излегла посериозна од првичните прогнози на лекарскиот тим на премиерлигашот и тој бил опериран.

Французинот дојде на „Олд Трафорд“ за сума од 52 милиони фунти и уште на дебито покажа дека поседува сериозен потенцијал и може експресно да се адаптира во тимот на Ерик тен Хаг, но заработи повреда уште на вториот настап.

Дефанзивецот се повреди на пријателскиот натпревар со Арсенал во Лос Анџелес и беше принудно заменет, по што се врати со екипата во Англија на патерици.

Јоро ќе паузира најмалку три месеци и почнал со рехабилитацијата веднаш по оперативниот зафат, а Тен Хаг повторно се соочува со главоболки однос на изборот во одбраната, бидејќи проблем има и Мегваер, а на повреди се жалат и Линделоф и Еванс.

Јунајтед веќе во сабота се соочува со Манчестер Сити во Комјунити Шилд натпреварот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни