Повредата е посериозна: Дурент ќе ги скокне и следните натпревари од финалето на Западот

durent

Голден Стејт Вориорс се избори и за втора победа во дуелот со Портланд Трејл Блејзерс во финалето на Западот, но сега следуваат две пресметки на гостински терен во Орегон каде ќе биде далеку потешко, пожешко, пресметки на кои актуелниот шампион повторно нема да може да смета на услугите на Кевин Дурент.

Имено Кеј-Ди не е подготвен и тоа го потврди тренерот на „воините“ Стив Кер кој воедно посочи дека повредата е посериозна од тоа првично беше соопштено.

-Се надеваме ќе продолжи на напредува, има напредок, ама е малку посериозно од тоа што мислевме на почетокот, -истакна Кер.

Дурент го повреди листот на десната нога во петтиот меч од полуфиналето со Хјустон Рокетс што значи севкупно досега има пропуштено три натпревари, бројка која ќе дојде до пет со двата дуели во Портланд.

Facebook Коментари