Поврзете се со нас

Англија

Повратникот во тимот на Јунајтед со емотивна порака до фановите на „Олд Трафорд“: Навистина многу ве сакам (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Навивачите на Манчестер Јунајтед не можеа да бидат целосно задоволни од ремито на домашен терен против Тотенхем, но покрај доброто издание на Хојлунд, фановите реагираа френетично и кога на теренот се појави Лисандро Мартинез.

Популарниот Лича беше во аут со месеци и неговото отсуство сериозно се одрази врз играта во одбраната на тимот кој го предводи Ерик Тен Хаг, па затоа неговото враќање предизвика многу позитивни вибрации на трибините.

Мартинез доби стоечки овации кога влегуваше во игра и кога доби шанса во завршницата од дербито, па дефинитивно супер вест е што одигра 30-тина минути.

– Горд сум на пречекот кој го добив од фановите, навистина ве сакам. Ова не беше резултатот кој го сакавме, но се боревме цврсто до крајот. Ќе работиме заедно за многу повеќе!, – порача Мартинез.

Лисандро заработи тешка повреда на стапалото во месец септември минатата година, а после речиси четири месеци пауза се очекува да биде големо засилување за вториот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни