Повлекувањето на Елмас од игра било поради повреда

elif

Македонскиот репрезентативец во редовите на Фенербахче, Елиф Елмас во четвртфиналето во Купот на Турција против Гиресунспор за малку ќе го постигнеше својот гол првенец во дресот на овој клуб. Турските медиуми излегоа со пофални зборови за играта на Елмас, меѓутоа напишаа и за повредата која ја заработил на натпреварот.

Тој во 79.минута поради повреда на грбот бил заменет со Маурицио Исла и според турските медиуми повредата не е од сериозен карактер, но Атаман го извадил од безбедносен карактер само за да го чува поради наредниот натпревар од турскиот Куп против Бешикташ, за кој сака да го има максимално подготвен.

Првиот натпревар против Бешикташ ќе го одиграат на 28.февруари додека реваншот е предвиден на 18. април.

Facebook Коментари