Поврзете се со нас

Европски првенства

Повеќе опции за Ангеловски на ЕП: УЕФА го задржа правилото кое стана актуелно поради Ковид кризата

Објавено

на

blank

Европската фудбалска унија се подготвува за континенталниот турнир кој го одложи минатата година, па така денеска беше соопштена уште една важна одлука за претстојното Европско првенство ова лето.

Информацијата која ја соопшти УЕФА е од огромно значење и за македонската фудаблска репрезентација, која во јуни ќе го има премиерниот настап на еден голем турнир со најмалку два натпревари во Букурешт и еден во Амстердам.

Македонија е во група со Украина, Австрија и Холандија, три натпревари за кои ќе остани да важи правилото кое од крајот на минатата сезона се имплементираше во најголем дел од домашните првенства.

УЕФА го задржа правилото за пет измени на Европското првенство и селекторите ќе можат да имаат поголем избор за време на еден натпревар, нешто што навикнавме да гледаме во последно време.

Истото правило е општо прифатено и на клупски план започнувајќи од минатата сезона, со исклучок на Премиер лигата каде играчите не беа поштедени и се уште важи старото правило за три измени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни