Поврзете се со нас

Шпанија

Повеќе од фудбал во Валенсија: Ерупција од емоции во чест на жртвите и незаборавна голеада на „Месталја“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Натпреварот од 14-то коло беше подвлечен со црвена линија меѓу верните навивачи на Валенсија, од едноставна причина што нивниот омилен тим го одигра првиот натпревар по страшните поплави кој го погодија овој регион од Шпанија.

Неколку недели по катастрофалните поплави кои однесоа повеќе од 200 жртви во Провинцијата Валенсија, „лилаците“ денеска за првпат излегоа на еден фудбалски терен, а увертирата за мечот со Реал Бетис беше посветена на сите жртви, но и сите граѓани кои останаа без кров над главата во природната катстрофа.

Емоциите достигнаа врв на „Месталја“ и првиот судиски свиреж доцнеше неколку минути поради оддавањето почит, по што избраниците на Рубен Бараха се погрижија и за незаборавно фудбалско попладне во секоја смисла на зборот.

Валенсија го почна дуелот против Бетис на дното на табелата во Ла Лига, но се победата од 4:2, најави дека може да следат доста подобри денови во битката за опстанок во Ла Лига.

Домашниот тим тргна максимално агресивно и фуриозно и брзо поведе со голот на Тареге, но радоста на „Месталја“ кратко траеше во прв момент, бидејќи несреќниот Уго Дуро си постигна автогол.

Играчите на Валенсија ги заменија домашните бели дресови со црни на овој натпревар поради жртвите кои ги однесе бурата ДАНА, па на стартот на второто полувреме тргнаа уште поагресивно од првиот дел.

Уго Дуро со два гола и Диего Лопез со еден се погрижија за недостижни 4:1 во период од само шест минути, по што стана јасно дека бодовите остануваат во Валенсија.

Бетис успеа да постигне уште еден гол преку Авила за конечни 4:2, но после траорни три-четири недели, граѓаните на Валенсија добија и мала причина за радост и среќа поради победата на нивните миленици.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни