Поврзете се со нас

Европски првенства

Повеќе од 1.600 фанови од Англија и Велс добија забрана за присуство на ЕП во Германија

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Европското првенство во Германија нема да биде реална летна дестинација за голем број британски фанови, кои веќе имаат заработено одредени казни за присуство на стадионите за време на фудбалски натпревари.

„Би-Би-Си“ пренесува дека најмалку 1.600 навивачи од Англија и Велс ќе мора да ги предадат своите пасоши во полиција меѓу 4. јуни и 14. јули, со што нема да можат да отпатуваат во Германија и да претставуваат опасност по јавниот ред и мир.

– Овие мерки ќе бидат знак за вистинските фудбалски фанови дека можат да патуваат на ЕП безбедно и хулиганите ќе бидат спречени да предизвикуваат инциденти, – вели претставник на владата.

Полицијата ќе има право да спречи патување во Германија и на одредени фанови со потврдено проблематично однесување, па и тие експресно ќе добијат забрана.

Доколку не бидат следени инструкциите на властите, фановите можат да заработат шест-месечна затворска казна.

ЕП ќе се игра од 14. јуни до 14. јули, а англиската репрезентација е меѓу фаворитите за највисок пласман на турнирот во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни