Поврзете се со нас

Балкан

Повеќе нема дилеми: Барди го реши клупското прашање и остана во Турција

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди пред некое време официјално ја заврши соработката со Трабзонспор, клуб за кој настапуваше од 2022 година.

Барди не беше во плановите на Трабзон, па на крајот беше раскинат договорот или поточно тој доби чисти документи за да може слободно да ја избере новата средина. Енис се поврзуваше со кам-бек во Шпанија, имаше интерес и од некои други тимови за да на крајот одлучи да остане во Турција.

Имено денеска беше потврдено дека репрезентативецот е нов член на Бодрумспор. Се работи за прволигашот кој е на 16. место на табелата и пред кого престои жестока битка за опстанок, битка во која треба да помогне токму Барди со неговиот квалитет и знаење.

Договорот е до крајот на тековнава кампања.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни