Поврзете се со нас

Свет

Повеќе нема дилеми: Алиоски го доби тоа што го сакаше и ќе биде соиграч со Паулињо (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски и официјално го реши најважното прашање, клубот за кој ќе настапува во наредниот период.

Алиоски ја заврши приказната со Лидс Јунајтед и како слободен играч можеше да бира каде ќе се пресели. Неговото име беше поврзувано со доста клубови за да на крајот популарниот Џани се одлучи да потпише за Ал-Ахли.

Клубот од Саудиска Арабија ги исполни сите негови услови, барања и тој ќе биде член на овој тим до 2023 година.

Ова за Алиоски е прво искуство надвор од Европа, досега играше во Швајцарија и Англија.

Тој во Ал Ахли ќе биде соиграч со поранешниот бразилски репрезентативец и екс член на Барселона и Тотенхем, Паулињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни