Поврзете се со нас

Англија

Потврдено заминувањето на петкратниот шампион од Баерн Минхен, Арсенал фаворит за негов ангажман

Објавено

на

Во текот на денешниот ден од редовите на Баерн Минхен стигна и официјална потврда дека по крајот на овој месец клубот ќе го напушти играчот кој нанижа пет бундеслигашки трофеи во својот петгодишен престој на „Алијанц Арена“.

Станува збор за францускиот репрезентативец, Корентин Толисо кој не најде заеднички јазик со управата за продолжување на соработката, па ова лето како слободен агент ќе го напушти клубот.

Толисо не беше во прв план кај Јулијан Нагелсман, па затоа од Баерн не ни притискаа за негово останување, за на крај да се донесе конечна одлука тој да го напушти клубот и да добие одврзани раце за барање на нова средина.

Фудбалерот кој пет пати стана шампион со Баерн Минхен, а еднаш ја освои и Лигата на шампионите со овој клуб сега се поврзува со трансфер во редовите на Арсенал.

Клубот од Северен Лондон е најсериозен кандидат за ангажман на фудбалерот кој ќе бара враќање на старата форма која очигледно ја загуби последните две години во таборот на Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни