Потврдено големото засилување: Германски репрезентативец „слета“ во Вардар

disinger

Македонскиот шампион Вардар и официјално е посилен за германскиот репрезентативец и поранешен играч на Кил, Кристијан Дисингер.

26 годишниот лев бек ќе биде првиот Германец кој потпишува за Вардар, а со скопскиот тим се обврза на договор со траење од две години.

203 сантиметри високиот ракометар во следните денови треба да ги мине лекарските прегледи и потоа да се приклучи на своите нови соиграчи во „црвено црниот“ табор.

Дисингер е искусен ракометар кој пред неколку дена доби раскин на договорот со гигантот Кил. Претходно во својата кариера настапувал и за тимовите на Фреиззенхајм, Кадетен, Нептуно и Либек.

Facebook Коментари