Поврзете се со нас

СЕХА лига

Потврден терминот за завршниот турнир на СЕХА, Вардар против Нексе на 29. август

Објавено

на

Регионалната СЕХА лига официјално потврди дека завршниот турнир на прекинатата сезона ќе се одржи меѓу 4 и 6 септември во Задар, Хрватска.

Коронавирусот ги поремети претходните планови за вообичаена завршница на сезоната, но ракометната СЕХА лига планира новиот шампион да биде познат веќе наредниот месец.

Турнирот со почитување на строги епидемиолошки протоколи ќе се одигра меѓу 4 и 6 септември, а дотогаш ќе бидат познати и последните два патника на Ф4 завршницата.

Вардар ќе го одигра реваншот против Нексе на 29 август и тоа на домашен терен, а е голем фаворит за пласман во следната фаза бидејќи славеше минимално на гостувањето на првата средба.

Треба да се одигра и реваншот меѓу Вепспрем и Војводина, по што двете екипи ќе им се приклучат на ППД Загреб и Мешков Брест кои веќе обезбедија пласман на Ф4 турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни