Поврзете се со нас

Репрезентација

Потврден шеширот од кој Македонија ќе ги очекува противниците во квалификациите за СП

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fifamedia

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска го потврди составот на шеширите за ждрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година, па потврдено е дека македонската репрезентација ќе очекува противник од третиот од вкупно пет шешири.

Македонија се најде во група заедно со Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, БиХ и Израел, па ова се селекции кои нема да бидат потенцијални противници во квалификациската група.

Ждрепката ќе се одржи на 13. декември, а ќе бидат одредени 12 групи со по 4 и 5 репрезентации. Сите првопласирани селекции одат на СП, додека второпласираните ќе играат плејоф, во кој ќе се вклучат и четири селекции од плејофот на Лигата на нации.

Група 1: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија

Група 2: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка, Норвешка

Група 3: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел

Група 4: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија, Литванија

Група 5: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни