Поврзете се со нас

Свет

Потврден селекторски отказ поради резултатите на Африканскиот куп на нации

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GhanaBlackstars

Крајот на групната фаза за дел од учесниците на Африканскиот куп на нации го донесе и првиот селекторски отказ, а во таква позиција се најде искусниот тренер Крис Хјутон.

Досегашниот селектор на Гана експресно е отпуштен од федерацијата на оваа африканска земја, а причина е фактот што Гана не успеа да се пласира во нокаут фазата на континенталното натпреварување.

Гана стартуваше со пораз од Зеленортските Острови, по што освои само бод на дуелите со Египет и Мозамбик, а на крајот не успеа да обезбеди следна рунда и како една од најдобрите третопласирани селекции.

65-годишниот поранешен менаџер на Њукасл беше поставен за селектор во февруари минатата година, но не успеа да се задржи на позицијата ниту цела година, додека Гана забележа уште еден неуспешен настап на важните натпреварувања.

Претходниот селектор Ото Адо мораше да ја напушти функцијата по неубедливиот настап на мундијалот во Катар.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни