Потврден интересот од Црвена Звезда за Несторовски, и клубови од Турција и Русија се распрашуваат за него

nestorovski solo vs avstrija 2019

Речиси е сигурно дека Илија Несторовски ќе си замине од таборот на Палермо кој и следната сезона ќе ја мине во Серија Б, меѓутоа со значителна бодовна негатива уште од стратот на сезоната.

Одреден период се шпекулираше дека Црвена Звезда се заинтересирала за нашиот репрезентативен напаѓач, а тоа сега го потврди и директорот на Палермо, Фабрисио Лучези.

-Нема да го дадеме толку лесно. Точно е дека за Несторовски постои интерес од Црвена Звезда, но и други европски клубови ја следат ситуацијата. Според тоа што го нуди пазарот, сигурно нема да го дадеме гратис, -истакна Лучези за „Кориере дело Спорт“.

Се верува дека Палермо ќе бара околу седум милиони евра за македонскиот репрезентативен напаѓач за кого интерес освен од Звезда и Лече има и од клубови од Турција и Русија.

Facebook Коментари