Поврзете се со нас

Македонија

Потврда за ракометната „бомба“: Вардар ги украде двете најголеми засилувања на Металург (Фото)

Објавено

на

Браќата Оливие и Кевин Њокас беа претставени како најгоелеми засилувања за Металург за новата натпреварувачка сезона, но искусните француски ракометари сепак во истата ќе играат во редовите на Вардар.

Иако се уште не се официјално промовирани во Вардар, ова попладне стана јасно дека македонскиот првак ги украде двајцата искусни ракометари од својот градски ривал, откако и Оливие и Кевин се регистрирани во тимот за новата натперварувачка сезона во Лигата на шампионите.

ЕХФ денеска го објави тимот на Вардар кој е пријавен од страна на раководството на клубот и во истиот се најдоа браќата Њокас, кои по само неколку месеци во Металург, решија да си заминат од Автокоманда.

Искуството на Оливие и Кевин дефинитивно ќе биде огромен плус за тренерот Веселин Вујовиќ, кој сега ќе има и поширока ротација на бековските позиции.

По доаѓањето во Скопје, браќањата Њокас не одиграа официјален натпревар за Металург, а сега тоа во најскоро време ќе го направат во „црвено-црниот“ дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни