Поврзете се со нас

Англија

Потврда за одличната форма: Тинејџер на Јунајтед доби прв повик од Саутгејт

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManUtd

Последните натпревари на Манчестер Јунајтед донесоа заслужени комплименти за 18-годишниот Коби Маино, а наградата за тинејџерот дојде во вид на повик од англискиот селектор Герет Саутгејт.

Маино првично беше повикан за младинците, но сега е префрлен меѓу сениорите и ќе биде во комбинација за мартовските дуели на англиската репрезентација.

Претходно тој настапуваше за сите младински категории на Англија, а за Јунајтед дебитираше како стартер во ноември, по што стигна до уште 19 настапи во тимот на Тен Хаг.

Селекторот Саутгејт покрај Маино во средниот ред ги повика Белингам, Рајс, Галахер, Хендерсон и Мадисон.

Англија игра пријателски средби против Бразил и Белгија и тоа на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни