Поврзете се со нас

Франција

Потврда за големиот трансфер: Ливерпул го соопшти името на новиот клуб на Вајналдум (Фото)

Објавено

на

Џини Вајналдум се уште е под договор со Ливерпул до крајот на месец јуни, па токму поради тоа, клубот од „Енфилд Роуд“ си даде за право да го соопшти името на новиот клуб во кој ќе настапува холандскиот репрезентативец.

Иако се чинеше дека е најблиску до трансфер во Барселона, играчот за врска на крајот завршува во редовите на ПСЖ, клуб кој му понуди двојно поголема плата од онаа која беа подготвени да му ја обезбедат луѓето од „Камп Ноу“. Ливерпул како клуб кој ги поседува неговите права уште 20-тина дена, реши сам да стави крај на неизвесноста и прв излезе со официјално соопштение, по што со објава се јави и францускиот клуб.

– Георгинио Вајналдум ќе го комплетира својот трансфер во ПСЖ кога ќе заврши неговиот договор со Ливерпул кој истекува на крајот на месец јуни. Оваа вест може и официјално да се потврди. После пет успешни сезони во клубот, може со гордост да кажеме дека тој има статус на легенда, – гласи објавата на „црвените“.

Набрзо после ова, конечно пристигна и официјална потврда од ПСЖ, клуб кој откри дека фудбалерот се согласил да стави потпис на тригодишен договор, што ќе направи да остане во француската престолнина до 2024-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни