Поврзете се со нас

Светски првенства

Потврда за доминацијата на „кариоките“: Алисон „недопирлив“, Бразил ја повтори шампионската генерација на Франција (ФОТО)

Објавено

на

Бразил не направи грешка и ја доби пресметката со Швајцарија (1-0) со што официјално ја оствари првата цел, пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

Касемиро беше автор на погодокот, погодок вреден триумф по кој „кариоките“ имаат „два од два“, перфектен учинок со кој во Катар можат да се пофалат само уште Франција и Португалија.

Воедно избраниците на Тите успеаа да се запишат во историјата на мундијалите како втора селекција која не дозволила ниту еден директен шут кон нивниот гол. Имено Алисон Бекер немал потреба да реагира ниту против Швајцарија, ниту против Србија, односно ова значи дека е израмнет рекордот на шампионската генерација на Франција од 1998 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни