Поврзете се со нас

Германија

Потврда на најлошото сценарио: Алонсо ќе брка чудо против Баерн без својот најдобар фудбалер (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Баер Левекузен ќе може да ги оспособи Гранит Џака и Едмонд Тапсоба за големото европско дерби против Баерн Минхен, но тоа дефинитивно нема да биде случај со најдобриот играч на „фармацевтите“, Флоријан Вирц.

Офанзивниот фудбалер доби непријатен удар во пределот на зглобот и предвреме го заврши натпреварот со Вердер Бремен, а Леверкузен денеска го потврди најцрното сценарио за Чаби Алонсо, но и за самиот фудбалер.

Тренерот на Леверкузен најави дека ќе ги мотивира своите играчи за реваншот со Баерн со „чудото од Истанбул“ кое го направи Ливерпул во финалето во Лигата на шампиони, но сега станува јасно дека на Баер ќе му биде потребно повеќе од чудо за да направи пресврт без својот најдобар фудбалер (ќе брка негатива од 3:0).

Во официјалното соопштение, Леверкузен ја извести јавноста дека Вирц ќе биде неколку недели во аут поради повреда на лигаментите на зглобот, што значи дека ќе биде недостапен и за Германија во Лигата на нации.

– Отсуството на Флоријан очигледно е удар за нас во оваа фаза од сезоната, но ние ќе го надоместиме неговото неиграње со тимска игра. Го познаваме Флоријан и знаеме дека ќе се врати што е можно поскоро. Веруваме дека тој повторно ќе биде во топ форма за последниот дел од сезоната, – изјави рече Симон Ролфес, спортски директор на Баер Леверкузен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни