Поврзете се со нас

Англија

Потврда на гласините: Познатиот дописник на Манчестер Сити ја соопшти конечната одлука на Гвардиола

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

„Фудбал Инсајдер“ пред три дена се потпре на свои информации и објави дека Пеп Гвардиола се согласил да потпише нов едногодишен договор со Манчестер Сити, информација која оваа вечер доби мало надополнување од познатиот новинар, Сем Ли.

Дописникот на Манчестер Сити за угледниот „Атлетик“ вечерва излезе со своја инсајдерска информација за деталите од договорот кој го изменаџирал Пеп Гвардиола со клубот, според кој Шпанецот ќе остане на „Итихад“ најмалку до јуни 2026-та година.

Актуелниот договор истекува на крајот на оваа сезона, но Пеп се обврзал да мине уште една сезона во редовите на англискиот првак, со опција договорот да биде продолжен за дополнителни 12 месеци.

Ако се активира оваа клаузула, Гвардиола би останал во Сити до 2017-та година, што значи дека сите во клубот се уште гледаат на Пеп како идеален човек за водење на проектот.

Сем Ли информира дека сите детали меѓу двете страни се договорени и сега се чека само комплетирање на документацијата, по што веста ќе биде и официјално пренесена од Манчестер Сити во наредните неколку дена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни