Поврзете се со нас

Германија

Потврда и од Романо: Лајпциг притиска за ангажман на нашиот Елмас

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас дефинитивно може да ја промени клупската средина на почетокот на наредната година, односно во зимскиот преоден рок.

Елмас не добива вистинска шанса, минутажа во таборот на Наполи во актуелнава сезона иако работата малку се подобри по доаѓањето на вториот тренер Валтер Мацари, но офанзивецот сака повеќе од тоа и истото би можел да го добие во амбициозниот бундеслигаш РБ Лајпциг.

Најпознатиот и најдобро информираниот трансфер експерт, Фабрицио Романо ја потврди веста дека „биковите“ притискаат за ангажман на Елиф, односно веќе е испратена понуда вредна 25 милиони евра.

Не се откажува од Македонецот: Амбициозниот бундеслигаш достави нова понуда за Елмас

Преговорите течат и трансферот може да се реализира со тоа што само една опција е во игра, перманентно заминување на Македонецот од Неапол.

Елмас постигна 2 гола на 16 мечеви за калолигашот во актуелнава кампања во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни