Потресно сведоштво на поранешен англиски репрезентативец: Бев жртва на сексуално злоставување како дете

daer-8932893298

Поранешниот англиски репрезентативец Киерон Даер се отвори за ужасното сексуално злоставување што претрпел кога бил дете.

Бившата ѕвезда на Њукасл откри дека негов близок роднина се обидел да го принуди на орален секс во неговите рани тинејџерски години.

– Заспав во неговиот скут додека гледав телевизија. Потоа се разбудив, но ми беше страв да ги отворам очите. Тој ги имаше ставено неговите раце во моите панталони додека сум спиел и ме допираше. Се смрзнав, бев преплашен. Не знаев што да направам. Тој сфати дека сум разбуден и се обидуваше да ме смири. Бараше да му дозволам да го заврши тоа што го правеше. Ми рече дека ќе ми купи чоколади колку што сакам. Потоа ми ги соблече панталоните и се обиде да има орален секс со мене, но ја успеав да го оттурнам. Ги кренав панталоните и тој кажа: „Не кажувај никому, ова е наша тајна“ – раскашуваше Даер на промоцијата на неговата автобиографија „Прерано остарен, паметен предоцна“.

Даер играше уште за Вест Хем, КПР и Мидлзброу, пред да се пензионира на 33 години во 2013 година по една сериозна повреда на ногата.

 

Facebook Коментари