Потресно: По три години во болница, повторно почна да оди, инспирирана од Роси

rossi so hostesa texas 2019

За време на неодамнешното шпанско гран при во мотоциклизам, една од многуте средби на возачите со своите фанови извади на виделина приказна која ќе ги разнежни срцата на сите.

Патрисија го сретна Валентино Роси, но оваа средба всушност била „мамката“ за 28-годишната девојка да се мотивира низ долгата фаза на рехабилитацијата откако имала сообраќајна незгода во 2015 година. Таа со својот мотоцикл Сузуки, обоен во истите бои како клупските (на Јамаха) кои се препознатливи за „Докторот“, преживеала тешка повреда по која била во кома четири месеци, а потоа уште 16 месеци лежела во болница.

– Кога ја имав несреќата, имав 24 години. Не знам кога наполнив 25 бидејќи бев во кома. За мојот 26 роденден бев во болница и беше мошне чудно. Но, веќе на 27 години ја напуштив болницата,- раскажува Патрисија за „Мундо Депортиво“.

Таа и претходно имала шанса да вози на патеката во Херез, денеска именувана како „Анхел Нието“, а познанството со еден вработен таму и овозможило да слушне утешни зборови за време на рехабилитацијата, кој и ветил средба со Роси веднаш штом ќе прооди.

– Кога немав веќе сила, кога имав кризни моменти, едноставно ќе си речев „Ќе се сретнеш со Валентино, ќе се сретнеш со Валентино“. Кога почнав да ги користам патериците за одење, направив видео и му го пратив на пријателот со порака: Јас сум готова, сега е ред на тебе!

rossi na edno trkalo texas 2019

Нејзиниот пријател веднаш го информирал претседателот на фан-клубот на Валентино Роси, а тој му ја раскажал приказната на деветкратниот светски првак. Очекувано, тој ја поканил девојката од Кордоба да биде негова гостинка во Херез.

Патрисија одблиску го запозна својот идол и го бодреше во битката за поени, бидејќи стартуваше од 13 место, а финишираше како шести, но сепак е само девет бода зад Маркез во борбата за титулата. Валентино ја угости во гаражата и на нејзино барање се потпиша на кацигата која и го спасила животот во несреќата, а која била во боите на Роси. Заклучок не е потребен, но оваа приказна за страдањата, напорната работа и инспирацијата едноставно ги разнежнува срцата и дава верба секому кој минал низ тешки животни циклуси.

 

 

Facebook Коментари