Поврзете се со нас

Свет

Потресни изјави на Червар и Вујовиќ за големата загуба во ракометот: Не можам да престанам да плачам….

Објавено

на

Ракометната јавност на балканските простори остана ужасната од трагичната вест која пристигна во недела приквечер, откако сите угледни хрватски медиуми ја пренесоа шокантна вест за ненадејната смрт на Златко Сарачевиќ.

Легендарниот хрватски „бомбардер“ кој до последните мигови од својот живот беше тренер на Подравка почина на 59-годишна возраст, сето тоа како последица на срцев удар неполн час по крајот на дерби натпреварот против Локомотива во домашното првенство. Популарниот Сарач бил во својот автомобил кога му се слошило и итно бил префрлен во најблиската болница во Копривница, но и покрај напорите за реанимација, лекарите не успеале да го спасат прославениот играч и почитуван ракометен тренер и работник.

Оваа ужасна вест ја обои во црно цела спортска јавност од регионот, а какво е чувството по загубата на хрватската и југословенска легенда најдобро ни опишуваат изјавите на Лино Червар и Веселин Вујовиќ.

– Не ми е јасно, навистина не ми е јасно, јас сум во комплетен шок. Знам дека немаше никаква болест, навистина не ми е јасно. Златко беше пример за нашата тренерска професија, пример за спортски однос, олимписки победник, тој беше и мој помошник во 2018-та година на Европското првенство. Но, пред се, тој беше голем човек. Никогаш не му префрли лош збор на некого, никој не може за него да каже ништо лошо. Не го кажувам ова колку да се каже, ова е навистина така. Ова е ужас, загубивме голем човек во овие тешки и несигурни времиња. Тежок удар за ракометот, за нашиот спорт, Златко беше голем човек, – изјави Червар за „Јутарњи лист“.

– Ја слушнав веста, не можам да поверувам. Едвај ја преживеав смртта на Златко Портнер пред неколку месеци, потоа пред два дена смртта на Ѓорѓе Балашевиќ со кој бев голем пријател, а сега Сарач. Што ни се случува? Ужас над ужасите, шок над шоковите. Каков човек беше Сарач, огромен човек. Имаше специфичен хумор, беше добар и топол како леб. Со него освоив се, од јуниорски до сите сениорски титули. Бевме јуниорски и сениорски шампиони, ја освоивме Олимпијадата, ми беше помошник во Загреб. Ми беше повеќе од пријател. Кога ќе се свртам назад, оваа проклета година веќе ни одзема многу генијални луѓе кои многу не задолжија. Немој да ми се лутите, но не можам да престанам да плачам, – порача Вујо за „Индекс“ како поранешен соиграч и пријател на Сарачевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни