Германија
Потрес во Минхен: Баерн ја повлече последната понуда во преговорите со Кимих!

Баерн Минхен секогаш педантно се води според своите вредности и принципи во преговорите со било која фудбалска ѕвезда, а откако во краток времнски интервал ги реши активностите со Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, на ред дојде најтешката и најкомплексна задача за баварците.
Германскиот великан подолго време преговара со Џошуа Кимих за мега-договор според кој тој ќе биде најдобро платен фудбалер во првиот тим, но во недостаток на повратна информација од спротивната страна, Баерн сега ја повлекол оваа понуда.
Угледниот „Билд“ информира дека Баерн на почетокот на оваа недела го известил Кимих дека актуелната понуда веќе не важи, а според инсајдерски извори, истата надминувала 20 милиони евра по сезона.
Како што јавуваат Германците, водечките луѓе на Баерн се незадоволни од односот на фудбалерот чиј договор завршува на крајот на сезоната, па сега постои сериозен ризик еден од капитените на тимот да си замине како слободен агент.
Реномираните медиуми од Германија дополнуваат дека Баерн се уште остава простор за нови преговори со Кимих, но сега прашање е дали ќе му бидат обезбедени исти услови на клучниот играч во системот на Венсан Компани.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија23 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства21 час
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка