Свет
Потрес во Барселона по новото големо разочарување: Миротиќ влезе во вербална војна со Јасикевичиус

Реал Мадрид ја освои титулата во најсилната кошаркарска лига во Шпанија откако победи и на четвртиот меч во финалната серија, во која традиционално „кралевите“ ги одмерија силите со Барселона.
Каталонскиот великан одново потфрли во клучен дел од сезоната и по разочарувањето во Белград на фајнал-фор турнирот следеа нови пресметки со Реал Мадрид, но „Ел Класико“ дуелите завршија со нова победа за „кралевите“ кои со вчерашната победа ја добија серија со 3:1.
Тренерот Јасикевичиус и покрај разочарувањето ја оцени сезоната за позитивна, но со тоа не се согласи најголемата ѕвезда Никола Миротиќ кој има комплетно спротивен став од оној на тренерот.
– Не, не смееме да бидеме задоволни од сезоната. Ова не е добра сезона, ние сме повредени, можевме многу повеќе. Ова е неуспешна сезона, ние сме Барселона и не ги остваривме целите. Честитки до Реал Мадрид, покажаа подобра игра, знаење и имаа повеќе сила и енергија во серијата, – изјави Миротиќ, кој се потсети и на едни зборови од Јасикевичиус кој истакна дека на тимот му недостасува и карактер.
– Не се согласувам и со тоа дека ни недостасува карактер, секогаш се обидуваме да го направиме она што се бара од нас. Правиме грешки, ние сме луѓе, но ние се обидуваме да го направиме она што тренерот го бара од нас. Тимот падна и ќе мора да видиме што ќе направиме во овој летен период, – изјави Миротиќ.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)