Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Потрес пред завршниот турнир во Лисабон: Атлетико пријави два позитивни случаи на коронавирус!

Објавено

на

Со крајот на вчерашните осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, фудбалската јавност почна на големо да се подготвува за она што следи претстојнава седмица, односно завршниот турнир во Лисабон кој оваа вечер за жал доби еден сериозен потрес.

Атлетико Мадрид оваа вечер извести дека има два позитивни случаи на коронавирус во својата експедиција, откако вчерашните направени тестови покажале резултати кои никој не сакаше да ги замисли, особено не пред тргнувањето во Лисабон.

Клубот од шпанската престолнина излезе со официјално соопштение и нагласи дека сака да ја задржи приватноста на двајцата членови со тоа што нема да ги објави нивните имиња, нагласувајќи дека двајцата се испратени во самоизолација, а се трагаат и луѓето со кои имале контакт во последните денови.

Атлетико информира дека со оваа вест се запознаени првите луѓе на УЕФА и одговорните лекарски служби во Шпанија и Португалија, со тоа што надополнува дека утре дополнително ќе бидат направени нови тестови на целиот персонал и целиот тим, за да се потврди веродостојноста на двата позитивни тестови од вчера.

„Душекџиите“ признаваат дека овој непосакуван расплет на настаните го нарушува нивниот план за летот кон Лисабон, а дали ова ќе влијае и врз завршниот турнир и дали ќе има одложување на натпреварот меѓу Атлетико и Лајпциг се очекува да дознаеме во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни