Поврзете се со нас

Шпанија

Потрес од Каталонија: Куман ќе остане во Барселона само во еден случај

Објавено

на

Роналд Куман вчера беше разочаран од поразот од Селта Виго и постави едно прашање кое ги загрижи фановите на Барселона, бидејќи со истото јасно стави до знаење дека тимот во ниту еден случај нема да може да надополни голема загуба како онаа на капитенот Лео Меси.

Холанаѓанецот одби да говори за својата иднина и фокус стави на главната ѕвезда која според него мора да остане по секоја цена во Барселона, од едноставна причина што не гледа кој играч би можел да го замени него, или поточно, да ги замени 30-те голови кои ги постигнува по сезона. Куман сериозно се најде на удар од јавноста откако освои само пет бода на последните пет меча со кои Барса се самоотпиша од титулата во Ла Лига, расплет кој доста негативно влијаел врз расположението на Жоан Лапорта.

Надоврзувајќи се на оваа тема, угледното каталонско радио „RAC1“ ова утро излезе со своја ексклузива и предизвика потрес во јавноста, откако соопшти дека Роналд Куман има само еден процент шанси да остане на „Камп Ноу“.

Познатото радио обелоденува дека Лапорта останал незадоволен од работата и изборот на стартните постави на Куман во завршницата од Ла Лига, поради што е 99 проценти убеден дека треба да го промени Холанѓанецот во пресрет на наредната натпреварувачка сезона.

Истиот извор потенцира дека Куман има минимални шанси за останување во Барса, или тоа ќе се случи само во случај да не се најде адекватна алтернатива за тренерската позиција за која предвидено е да биде испразнета по крајот на оваа сезона која каталонскиот гигант ќе ја заврши со освоена титула во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни