Англија
Потрес кај шампионот: Капитенот побарал да си замине од Сити
Манчестер Сити лесно се справи со составот на Салфорд во средбата од третата рунда во ФА Купот, средба по која менаџерот Пеп Гвардиола откри една важна информација, нова ситуација во клубот од „Итихад“.
Имено на денешниот меч воопшто во комбинација за настап не беше капитенот Кајл Вокер што беше мало изненадување, одлука која Гвардиола ја објасни откривајќи дека дефанзивецот побарал да си замине, односно сака да се испроба во странство.
-Пред два дена Кајл побара да ја истражи опцијата да игра во странство. Тој тоа го побара и по тројната круна, кога Баерн (Минхен) го сакаше, но понудата не беше доволно добра. Тој беше кај (фудбалскиот директор) Чики (Бегиристајн) се разбира, а јас претпочитам да играм со играчи чиј ум е тука.
-Можеби грешам, но сепак сум прилично убеден дека нема никој во нашата работа што не сака да биде таму каде што е, а може добро да игра. Кајл побара да истражува, но тоа не значи дека тоа ќе се случи затоа што никогаш не се знае.
-Тој беше наш десен бек и ни даде нешто што не сме го имале. Тој беше неверојатен, но сега во неговиот ум би сакал да оди во друга земја и да игра од други причини, -истакна Гвардиола.
Кајл од 2017 година е дел од Сити, клуб со кој е под договор до 30 јуни 2026 година.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија24 часа
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија14 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија13 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Англија4 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)