Поврзете се со нас

Олимписки игри

Потпретседателот на ИОК со дециден став: Со Ковид или без него, Олимписките игри во Јапонија ќе…

Објавено

на

blank

Потпретседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) Џон Коатес даде дефинитивен одговор за одржувањето на Олимписките игри.

Ситуацијата со коронавирусот и пандемијата која го собори целиот свет ги одложи Олимписките игри, а постоеја стравувања дека истите ќе бидат откажани во случај на нов замав на вирусот.

Сепак, Коатес излезе со дециден став најавувајќи дека игрите ќе се одржат и да има и да нема пандемија од коронавирусот.

Олимписките игри никогаш во историјата не биле откажани, освен кога беснееја светските војни, а откажување веројатно нема да се случи ни следната година.

Коатсе најави дека игрите ќе започнат на 23 јули следната година и ќе бидат игри кои ќе го освојат Ковид.

– Игрите ќе се одржат, со или без Ковид-19.Игрите ќе започнат на 23 јули следната година.  Сега станува јасно дека овие Игри кои ќе го освојат Ковидќе бидат светло на крајот на тунелот, -изјави Коатес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни