Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Потпретседателот на Интер има желба: Занети откри кој тим сака да го избегне во финалето на ЛШ

Објавено

на

foto: www.inter.it/en

Интер забележа уште една победа над Милан (1-0) и со вкупни 3-0 обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите кое оваа година ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул.

Единствениот гол на вечерашната средба беше дело на Лаутаро Мартинез во вториот дел, погодок доволен за потврда дека „нероаѕурите“ се поквалитетен тим од градскиот ривал во овој момент. Интер по 13 години ќе игра меч за пехарот, а тоа секако носи голема среќа, задоволство и кај раководството на клубот во кое е легендарниот Хавиер Занети.

Занети како поранешен капитен на Интер, актуелен потпретседател беше испрен по овој успех, па порача дека не сака да го види Реал Мадрид како ривал во финалната средба.

-Ова е наша голема емоција-оваа група заслужи да игра финале на ЛШ по 13 години. Чекаме да го дознаеме името на нашиот противник, ама тоа што го направи оваа група е многу важно. Би сакал да го избегнам Реал Мадрид затоа што ова натпреварување се чини како да е направено за нив. Ама најважно е тмау да стигнете, беше тежок пат, -порача Аргентинецот.

Вториот патник ќе го дознаеме утре по реваншот меѓу Сити и Реал на „Итихад“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни