Поврзете се со нас

Свет

Потпретседателот на ФИФА најавува промена: Сезоните да траат во една календарска година

Објавено

на

Потпретседателот на ФИФА, Виктор Монталјани ја „оживеа“ идејата на Карл Хајнц Румениге кој уште од 2013 година бара сезоните да траат во текот на една календарска година.

Така сезоната би започнала во месец март, а би го имала својот финиш во ноември или декември. Ваква пракса постои во лигите во Америка, а Монталјани најави дека можеби ќе се размислува за вакво решение и за сезоните во Европа и Африка.

– Има таква прилика зошто Светското првенство во Катар ќе се игра во ноември и декември, и тоа може да е идеја која ќе се разгледува. Овде во Америка сезоните се игра во една календарска година, можеби тоа е решение кое може да се имплементира и во Европа и Африка, а постои можност да се разгледува  на национално и континентално ниво.

– Тоа не е идеја која веднаш треба да се разгледува, но може да биде донесено решение во следните две години. Веќе почнавме да размислуваме за тоа како ќе изгледа новиот календар од 2024 година, но во оваа криза потребни се итни решенија, па за тоа ова ќе почека, -изјави Монталјани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни