Потпишан бараниот Меморандум од ИОК: Македонскиот комитет, АМС и Федерациите потпишаа договор за независност

vasil-mok

По барање на меѓународниот олимписки комитет, македонскиот олимписки комитет на крајот на минатата недела го промени своето име во Олимписки комитет на Северна Македонија, а со оглед на тоа што се изврши и промена на Статутот, ова попладне следеше главната верификација со која се исполнети главниоте барања на ИОК.

Интернационалниот Олимписки комитет побара апсолутна независност на македонскиот комитет, па поради тоа, денеска беше потпишан Меморандумот со кој Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и националните федерации се обврзаа на меѓусебна соработка со која ќе се исполнат главните барања, а тоа се автономијата и независноста.

– Ова има големо значење за сите федерации, како и за Владата на нашата земја. Барањето е исполнето, секогаш е важно да бидеме понезависни. Среќен сум за соработката и добрата волја покажана од сите страни, – порача долгогодишниот претседател на Олимпискиот комитет, Васил Тупурковски.

vasil-mok1

mok

Facebook Коментари