Поврзете се со нас

Италија

Потпиша перманентен договор и се врати на старо: Санчез се повреди и е неизвесен за полуфиналето

Објавено

на

Пред неколку денови беше објавено дека Алексис Санчез потпишал перманентен договор со тимот на Интер откако претходно го раскина договорот со Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот се обврза на тригодишна соработка со италијанскиот клуб и најави дека во иднина ќе го видиме стариот Санчез кој блескаше во дресовите  на Барселона и Арсенал.

Сепак, Интер доживеа нов удар откако Алексис Санчез се повреди на вчерашниот натпревар против Баер Леверкузен и неговиот настап во полуфиналето е крајно неизвесен.

По натпреварот од Интер објавија дека Санчез доживеал повреда на мускулот во неговата десна нога и дека се уште не е познато колку ќе отсуствува поради оваа повреда.

Чилеанскиот фудбалер не успеа на „Олд Трафорд“ најмногу поради повредите кои го следеа во неговиот двегодишен престој во Манчестер.

На сличен начин Алексис започна и во Интер, но од италијанскиот клуб се одлучија да му понудат тригодишен договор надевајќи се дека во слендиот период повредите ќе го избегнат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни