Поврзете се со нас

Германија

Потоп на фаворитите во Гермaнија: Баерн се посрамоти со Бохум, Вердер ја освои „Бај Арена“, Дортмунд со десетти пораз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayernEN

Потоп на фаворитите во Германија е јасниот и единствен заклучок за денешните средби во Бундеслигата каде пораз доживеаа актуелниот лидер Баерн Минхен, актуелниот шампион Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд која загуби во својот дома.

Баерн имаше идеални 31 минута со Бохум, водство од 2-0 и притоа не реализираше пенал за да потоа се се смени. Медиќ намали на 2-1, а во 43 минута Палиња заработи директен црвен картон.

Гостите ова го искористија во вториот дел и преку Сисоко и Беро дојдоа до огромна победа од 3-2 во битката за опстанок во германската фудбалска елита. (ТУКА погледнете ги погодоците)

Киксот на баварците не беше искористен од Леверкузен кој на „БајАрена“ беше добиен од Вердер Бремен со 2-0 со по еден гол во двете полувремиња. (ТУКА погледнете ги погодоците)

Борусија Дортмунд пак уште еднаш ги разочара своите фанови на „Сигнал Идуна Парк“ каде загуби од Аугзбург со 1-0. (ОВДЕ погледнете го голот)

Без победник пак завршија соочувањата Волфзбург-Ст. Паули (2-2) и Холштајн Кил-Штутгарт.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни