Поврзете се со нас

Англија

Потер објасни зошто го повлече Мудрик по само 45 минути игра

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Михаило Мудрик имаше импресивно деби во дресот на Челси како резерва на „Енфилд Роуд“ и прикажа многу во својата прва претстава во синиот дрес, но првиот натпревар како стартер сигурно нема да го памети по добро.

Украинското крило имаше ужасно прво полувреме против Фулам и беше повлечен од игра од менаџерот Грем Потер, па така не излезе на теренот во вториот дел во кој Челси не успеа да го скрши отпорот и без него во тимот.

Одлуката на Потер не наиде на големо одобрување кај фудбалските експерти во Премиер лигата, па новинарите побараа одговор од менаџерот по разочарувачкото реми од 0:0 на „Стемфорд Бриџ“.

– Со младите играчи, понекогаш знае да тргне и во овој правец. Вистината е дека имаше тешка настинка во текот на оваа седмица и доста тешко се справи со тоа. Почувствувавме дека има тешки нозе и затоа го повлековме на полувреме. Не сакавме да правиме никаков ризик.

– Во секој случај, тој се уште е во процес на адаптација и надоградување. Имаше долга пауза во Украина и не е доволно фит. Затоа донесов таква одлука, – објасни Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни